По повеќе од 4 години колку што е присутен на пазарот, „Twingo 3“ го претрпе очекуваниот редизајн.
Покрај козметичките подобрувања, извршени се и промени и во системот за суспензија, како и во внатрешноста на автомобилот.
„Twingo“ зa 2019-та има нови фарови во кои сега се вклучени и „LED“ дневни светла во форма на буквата „С“, а редизајниран е и предниот браник.
Ист визуелен мотив на буквата „С“ е применет и на задните светлосни групи, а „Twingo“ доби и нова рачка за отворање на багажникот, сместена под задниот брисач.
Купувачите на располагање ќе имаат и две нови нијанси на надворешноста – „Mango Yellow“ и „Quartz White“, како и 16 инчни алуминиумски бандажи.
„Renault“ наведува дека „Twingo“ зa 2019-та е спуштен за 10 mm во однос на моделот пред редизајнот, па така се намали отпорот на воздухот и потрошувачката на гориво.
Покрај новите дезени на навлаките на седиштата, на купувачите на поскапите пакети на автомобилот на располагање ќе имаат и подобрен мултимедијелн систем со седуминчен екран чувствителен на допир кој ги поддржува системите „Android Auto“ и „Apple CarPlay“.
Централната конзола е преуредена така што кај поевтините верзии е направено место за држач на смартфон уред, кој може да послужи наместо навигација, а „Twingo“ зa 2019-та има две „USB“ порти и еден „AUX“ приклучок.
Моторизацијата ја сочинуваат два трицилиндарски бензинци – 1,0 литарски и 0,9 литарски турбо агрегат.
Првиот мотор е достапен во верзии со 65 и 75 ks, a во двете опции испорачува 95 Nm максимален вртежен момент.
Моќта на задните тркала се пренесува по пат на 5-брзинскиот мануелен менувач.
Турбо бензинецот произведува 93 ks и 135 Nm и стандардно се испорачува со петстепен мануелен преносен систем.
Со доплата, овој мотор може да се добие и со 6-брзински автоматски менувач со двојно квачило.
Производителот соопшти дека масата на празно возило се движи од 914 до 999 kg, во зависност од моторот и пакетот на опрема.
„Renault Twingo“ зa 2019-та ќе има официјална светска премиера на саемот за автомобили во Женева кој започнува на почетокот на март.