Врховен ќе одлучува дали СЈО смее да покренува нови истраги

од desk2
121 прегледи

Врховниот суд на крајот од месецов ќе разгледува две иницијативи поврзани со постапките од СЈО. Од највисокиот суд за Телма ја потврдија информацијата дека на 30 јануари е закажана општа седница на која ќе се разгледува дали СЈО ќе може да покренува нови истраги.

Еленко Миланов во телефонски разговор за Телма потврди дека тој во декември минатата година поднел иницијатива до Врховен за начелно правно мислење за тоа дали СЈО смее да покренува нови истраги по рокот од 18 месеци, кој истече во јули 2017.

Пред речиси две години имаше неуспешен обид Врховен да ги изгради да одлучи за тоа бомбите можат да бидат докази во постапките на СЈО./Телма