Посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит – Медокс одлучи да живее сам. 17-годишното момче одлучи да не живее со неговата мајка и другите пет деца на двојката. Според извор близок до семејството на ѕвезди, тој сакал да се отцепи од постојаните скандали меѓу неговата мајка и неговиот татко.
Исто така, младиот човек одби да оди на колеџ, бидејќи претпочитал да патува низ целиот свет. Сè уште не е јасно како на одлуката одговорила неговата мајка.
Пријателите блиски до неа уверуваат дека таа не била воодушевена од овој план. Медокс беше најголемата поддршка на Анџелина за време на процесот на развод, а актерката не би сакала да ја изгуби.
Џоли поднесе барање за развод со Бред Пит во септември 2016 година. Она што им беше најтешко во текот на процесот беше прашањето со старателството на нивните шест деца.