Адријана Лима по година и пол е повторно сингл

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Адријана Лима повторно е неврзана. По речиси една и пол година, познатиот модел раскина со турскиот писател Метин Хара.

Не е јасно која е причината. Лима и Хара почнаа да излегуваат летото 2017 година. Потоа беа забележани како се бакнуваат и држат за раце на јахта во Бодрум.

Писателот често споделуваше заеднички слики со убавицата и нејзините деца. Неговиот профил покажува дека последната со моделот е од крајот на октомври 2018 година, според што се чини дека нивните односи веројатно се влошиле во последните месеци од минатата година.

Како што претходно пишувавме, Адриана Лима пред неколку месеци најави дека се повлекува од Викторија Сикрет по речиси 20 години на подиумот.

37-годишниот модел има две деца – 8-годишната Валентина и 6-годишната Сиена, кои се од бракот со нејзиниот поранешен сопруг, Марко Јариќ.