Актерката Памела Андерсон, која стана светски позната со телевизиската серија “Спасувачи на плажата”, вели дека мажите кои гледаат порно, се докажувале како слаби љубовници под покривката, пишува Контактмјузик.
Таа смета дека филмовите за возрасни се премногу далеку од вистинската љубов.
Андерсон призна дека ja привлекувалe “храбри и радикални мажи” кои се занимаваат со вистинските каузи.
Тоа е за неа секси, а не хероите на порно продукциите.
“Најлошите љубовници се оние што гледаат порно”, вели актерката. “Тие се вкочанети, нечувствителни, фанатично бараат различност, а понекогаш и прибегнуваат кон насилство. Најдобри во кревет се вегетаријанците. Ова е докажано! “