Зоран Заев како Александар Македонски во пропагандниот спот на ,,Независни Грци“(видео)

од desk2
119 прегледи

Дописничката на МИА од Атина, информира за пропагандната кампања што ја водат противниците на Договорот од Преспа во Грција.

Со спот, во кој македонскиот премиер Зоран Заев се трансформира од ликот на Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од ,,Независни Грци“ прашуваат: ,,Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?“ – ,,Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува – е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на Независни Грци, а потоа следи пораката: „Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име? “-пишува МИА.

Вечерва во грчкиот Парламент се гласа за ратификација на Договорот од Преспа.

https://www.facebook.com/OfficialAnexartitoiEllines/videos/736762406694427/