По согледувањето дека организирањето свадба не е лесна задача, Џастин и Хејли Биебер го смениле датумот што првично го поставиле. Двојката сакала да се венча на 28 февруари, но тие ги сменија плановите бидејќи очигледно нема да имаат доволно време да се подготват.
Канадскиот пејач, миленик на многу тинејџери и неговата сакана, поканија речиси 300 луѓе. Дел од нив им рекоа дека нема да можат да присуствуваат додека другите се збунети бидејќи не знаат кога настанот ќе се случи.
Се претпоставува дека двојката одлучила да го смени датумот и поради поголемиот дел од нивните пријатели кои првично им кажале дека нема да дојдат.
Минатата недела, Хејли Бибер ја посети големата свадбена агенција која најверојатно ќе ѝ помогне во свадбената декорација. Според извор близок на семејството, таа и нејзиниот сакан сакаат комплетен црковен ритуал.
Џастин и Хејли склучиле таен граѓански брак во летото минатата година, а потоа живееле заедно.