Основачот на Фејсбук Марк Закерберг, не е омилен на социјалните мрежи, но уште една вест дополнително ја замати сликата за него.

Имено, тој сака да го убие животното, што подоцна ќе го јаде за вечера.
Соосновачот на Твитер Џек Дорси, ја шокираше јавноста кога во неодамнешното интервју за “Rolingstoun” раксажа како Закерберг кој го викнал на вечера, пред него убил коза, која била послужена на вечерата.
„Ја уби козата со ласерски пиштол, а потоа со нож. Тогаш ја прати на месарот“, вели Дорси.

За ласерскиот пиштол што Закерберг го користел, Дорси мисли дека служел за замелушување на козата.
„Одиме да ја јадиме козата која ја убите?“, го прашав, на што тој потврдно ми одговори. Тогаш го прашав дали некогаш јадел коза, а тој рече дека јадел и дека многу му се допаднало, прераскажува Дорси.
Кога го прашал каде е козата, Закерберг рекол во рерна.
Дорси вели дека чекале околу половина час козата да се пече во рерна, по што Закерберг рекол дека месото е готово.
„Отидовме во трпезаријата. Го стави месото на маса. Беше студено“, вели Дорси.
„Не знам дал месото потоа го врати во рерна, јас изедов само салата.“
По интервјуто со Дорси, Закерберг беше нападнат на интернет поради својата „суровост“.
Mark Zuckerberg once killed and served his own goat to Jack Dorsey https://t.co/UP6b7tfqje pic.twitter.com/2yQxc2VWCH
— Page Six (@PageSix) January 24, 2019
Марк Закерберг во 2011 година покрена личен предизвик за конзумација на животинско месо, од животни кои сам ги убива.
„Научив многу за одржливото земјоделство и одгледување животни. Лесно е храната
која ја јадиме да ја земеме здраво за готово, кога може да јадеме добри работи секој ден“, рече тогаш Закерберг за Fortune.