136
На почетокот на март, на женевскиот авто-саем, ќе биде претставена специјална верзија на еден „Bentley“ модел со кој овој производител на суперлуксузни автомобили ќе одбележи голем јубилеј – 100 години од основањето.
„Bentley“ по тој повод објави прв „тизер“ како најава на премиерата на јубилејниот модел, за кој се шпекулира дека ќе биде заснован на серискиот „Continental GT“.
Од компанијата засега не откриваат повеќе детали, освен информацијата дека специјалната едиција е инспирирана од тркачкото наследство на брендот „Bentley“.
Повеќе детали ќе бидат познати пред стартот на саемот во Женева, а автомобилот официјално ќе биде претставен на 5-ти март на овој настан.