Кина забрзано развива планови во Јужното кинеско море на длабочина од 6.000 метри да изгради неверојатен подводен комплекс, но не за луѓе, туку исклучиво за вештачка интелигенција, пренесе “Daily Mail”.

„Во длабокото море нема патишта, не мора да ги бркаме другите земји, ние сме патот“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг.
Проектот е покренат на кинеската академија на науките во Пекинг и се проценува дека ќе чини повеќе од 140 милиони евра.
Дроновите како кинеското беспилотно морско возило “Qianlong III” може да помогнат во покренување на програмата за истражување на подморјето и да го најават доаѓањето на вештачката интелигенција на дното на морето.
Една од можните локации е длабокоморската бразда Манила сместена во Тихиот океан во близина на Филипините.
Браздата е длабока околу 5.400 метри и една од сеизмички најактивните светски зони.