Екслозија, кражби и апсења

од Марта Пешевска
84 прегледи
МВР Билтен

  Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46) и Х.А.(46) поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела, „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 251 од Кривичниот законик на РМ, со што пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 48.800 денари. Првото кривично дело „тешка кражба“ сторителите го извршиле на 12 ноември минатата година на улица „Бледски Договор“ кога од патничко моторно возило одзеле паричник во кој имало лични документи и  банкарски картици. Потоа го извршиле и второто дело, од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари од една од картичките кои ги нашле во паричникот и на која имало запишан пин. По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода.

Вчера во 16:45 часот на Граничен премин Ќафасан на влез во Република Македонија, при пасошка контрола на Ј.К.(50) од Р.Албанија со албанска лична карта било утврдено дека лицето евидентира во систем и има активна меѓународна потрага по него. Лицето е лишено од слобода и предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

Вчера околу 16 часот во Гевгелија, на улица „Маршал Тито“ во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А.(40) од Гевгелија починал, а со повреди се здобиле вработените А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија и М.Ј.(29) од село Прдејци. По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Со повреди се здобил и  В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Вчера во 09:35 час во Полициска станица Кичево С.С.(68) од село Другово, кичевско пријавил дека околу 8 часот во село Другово движејќи се по улица „Илинденска”  бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Вчера во Полициска станица Радовиш В.Ј.(55) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот на улица „Михајло Апостолски” во Радовиш движејки се по улицата ја нападнале две кучиња скитници и ја каснале во пределот на левата нога.