Најновите истражувања покажуваат дека воланот во автомобилот е дури четири пати повалкан од даската на шолјата во јавно веце.
Анкетата што ја спроведе американскиот вебсајт CarRentals.com меѓу 1.000 возачи во САД покажа дека само 32% од испитаниците го перат автомобилот од внатре само еднаш годишно.
Дека тоа не е доволно покажуваат и лабораториските испитувања на нечистотиите најдени на воланот, еден од највалканите делови од внатрешноста на автомобилот, а со кој најмногу имаме контакт кога возиме.
Во истражувањето како мерка за нечистотија бил бројот на колонии бактерии на квадратен сантиметар. На воланот биле изброени дури 629 единици.
Колку за споредба, на екранот на мобилните телефони има околу 100 единици, на копчињата во лифт 313, а на даската од шолјата во јавно веце измерени се 172 единици.
Она што особено загрижува е фактот дека најчеста бактерија најдена на воланот е стафилокока која е причинител на труење со храна и на кожни инфекции.
Меѓу најдените бактерии е и Propionibacterium, која е одговорна за разни воспаленија и инфекции кај човекот.
Ова се двете најчести бактерии што може да се најдат во внатрешноста на возилото, а на целиот ентериер во еден просечен автомобил има околу 700 различни бактерии.