Обезбедувањето на Меган Маркел ја предупредило војвотката од Сасекс да престане да ја затвора сама вратата на автомобилот, од кој слегува, за време на официјални настани, пишува “Дејли мејл”.
Причината – автомобилите со кои патуваат членовите на кралското семејство автоматски се заклучуваат и во случај на евентуален напад, ако вратата е затворена тогаш ова може да ја забави нивната евакуација.
Меган Маркел беше забележан дека ја затвораше вратата на нејзиниот автомобил самата. Ова предизвика бран на одобрение кај британското општество и сочувство кон младата војвотка.
Но, кога го посети Окленд, Нов Зеланд, војвотката од Сасекс ја остави вратата на автомобилот, очигледно по разговорите со нејзиниот шеф за безбедност.