Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се повљубени од кога било само три недели по тајната свадба, пренесе “Дејли мејл”.
Ѕвездената двојка се појави на церемонијата на 16 годишната G’Day USA гала – настан под покровителство на австралиската Влада, на кој беа наградени за постигнувања во различни области Австралијци кои живеат во САД.
Ова беше прв јавен настап на Лиам и Мајли, кои се венчаа во близок семеен круг и далеку од медиумите кон крајот на минатата година. Ѕвездата на Игри на гладта беше почестена со уште три други австралиски актери за нивните достигнувања во филмската уметност. Лиам се појави сам на црвениот тепих, но неговата позната партнерка успеа да му се придружи малку подоцна и изгледаше прекрасно за својот сопруг.
Пејачката сепак беше забележана како разговара насмевната со Пол Хоган – австралискиот комичен актер, кој стана познат по својата улога на Данди Крокодајл. 79-годишната филмска легенда позираше и за слика со Лиам и неговиот постар брат Лук, кој исто така беше меѓу присутните на Галата.