Бизнисмените, економистите и политичарите во Давос минатата недела не го криеја стравот од два потреси кои може да ја разнишаат светската економија во текот на март.

Се работи за обновување на трговската војна меѓу САД и Кина, како и неволјите кои следат по заминувањето на Велика Британија од Европската унија планирано за 29 амрт. Овие настани може да го забрзаат доаѓањето на светската економска рецесија, која многу економисти ја очекуваа за една година. Се позивенсо е дека Брегзит ќе се случи одненадеж, без договор, но спорот меѓу Вашингтон и Пекинг може се уште да се сопре на преговарачка маса, наведува Seebiz.
Во трговската војна меѓу САД и Кина моментално трае примирје, постигнато на почетокот на декември.
Американските власти дадоа рок на Пекинг до 1 март да понуди значителни отстапки за да се намали големиот дефицит на САД во трговијата со Кина. Ако нема договор, Вашингтон во март ќе ги зголеми царините на кинеските производи од 10 на 25 отсто, и ќе ги прошири на палета производи во вредност од дополнителни 200 милијарди долари.
Според пишувањето на американските медиуми, Пекинг му понуди на Вашингтон за неколку години потполно да го избрише кинескиот суфицит и да ја урамнотежи размената на стоки. Набљудувачите, сепак, не се сигурни дека таа понуда ќе ги задоволи САД.