Вонредна состојба во Вашингтон поради 35 заболени од мали сипаници

од desk2
98 прегледи

Гувернерот на американската држава Вашингтон, Џеј Инсли прогласи вонредна состојба порадиголем број заболени од мали сипаници.

Вонредната состојба е прогласена откако во неделата беа потврени 35 заболени лица со мали сипаници, пренесе CNN.

„Малите сипаници се многу заразна болест која може да биде смртоносна за малите деца“, рече Инсли, и додаде дека појавата на жаришта ствара „екстремен ризик за јавното здравје кое може брзо да се прошири на други држави“.

Најголем број потврдени случаи – 34, забележани се во округот Кларк на јужната граница на Ваѓингтон, а од тој број потврдено е дека 30 не биле вакцинирани.

Во 24 од 34 случаи се работи за деца на возраст меѓу една и 10 години, а во округот Кларк постојат уште девет случаи за кои постои сомнеж дека се заразени со сипаници.

Во округот Кинг забележан е и еден случај на мали сипаници кај маж од 50 години, кој неодамна престојувал во округот Кларк.

Во последните неколку години во САД дојде до пораст на бројот невакцинирани деца, заради што налдежните служби советуваат вакцинација против мали сипаници, заушки и рубеола.