Драматично: Евакуација на пациенти од четири болници во Русија, пристигна дојава дека се подготвува терористички напад

од desk2
132 прегледи

Четири болници во Новосибирск, Русија биле евакуирани утринава во 9 часот по локално време, поради информации дека се подготвува терористички напад. По неофицијалните информации, поради дојава за бомба евакуирани се и административни згради и училишта.

Како што пренесуваат медиумите, 10 згради се евакуирани. Во една болница пациентите рано утринава биле одведени, но медицинскиот персонал започнал да се враќа на работа, рекол за медиумите директорот на болницата. Пациентите од болницата биле испратени во поблиските училишта, во кои немаше дојава за бомба.


Сепак, во другите училишта имаше дојава. Се сомнева дека наводните бомби се поставени во три училишта, каде часовите се откажани, а децата се испратени дома. Истовремено, специјалните единици ги испразниле Краноовбската болница, една клиника, зграда за градската администрација па дури и една банка.

Некои очевидци тврдат дека моментално е празна и зградата на Федералната служба за регистрација, катастарот и картографијата.

Како што пишува Gazeta.ru, дојавите за терористички напади во Русија станале лоша јануарска традиција. Минатата недела спроведена е масовна евакуација од јавните установи во Приморје, на Сахалина, во Каваровска, Иркутска, Чити и Улан Деу, а сепак во ниту едно место не беа откриени вистинските закани од експлозивни направи./Точка