Подготете кремаст неодолив ролат.

Состојки
Тесто
7 јајца
10 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 лажица какао
Крем
300мл млеко
4 јајца
4 лажици брашно
100гр шеќер
2 реда чоколада
250гр маргарин
Декорација
Подготовка на бисквитот
Белките се бијаат настрана во цврст снег. Жолчките заедно со шеќерот се бијаат убаво и потоа се додаваат брашното и какаото. На крај се додава снегот од белки и сето тоа убаво се соединува. Смесата се истура во плех обложен со хартија.
Се печи на 200Ц околу 10мин, но поубаво е да се проверува. Откако ќе се испечи се завиткува во влажна крпа.
Подготовка на кремот
Млекото заедно со јајцата, шеќерот и брашното се ставаат да се варат. Се вари додека смесата убаво не се згусни и се остава да се подизлади. Маргаринот се бие и во него се додава подизладената смеса. Се мати со миксер се додека смесата убаво не се соедини.
Добиената смеса се дели на два дела, едниот се остава така како што е, а во другиот се додава истопената чоколада (најубаво е чоколадото да се топи на пареа)
Се филува бел па црн фил. Одозгора ролатот се прелива со растопенo чоколадo.