Парис Џексон со нови тетоважи

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Ќерката на Мајкл Џексон, Париз, ги покажа своите нови тетоважи, посветени на култниот британски бенд Лед Цепелин. Нејзината објава во социјалните мрежи брзо собра стотици одобрувачки коментари.

Всушност, на кожата на нејзината рака се наоѓаат четири графички симболи кои се користат како лого на познатиот бенд.

Новите тетоважи на Парис доаѓаат само неколку месеци откако таа беше примена во болница, за да го “регенерира” своето ментално и физичко здравје. Ќерката на кралот на поп музиката често се жалеше на депресивни состојби. 

Проблемот ѝ бил во тоа што “пораснала многу брзо” и направила многу работи уште во тинејџерските години, наместо подоцна во животот.