Меган и Хари нема да користат дадилка

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Меган и Хари нема да ги користат услугите од дадилка за бебето. Помалку од два месеца пред доаѓањето на новиот член на британското кралско семејство, стана јасно дека и двајцата го подготвувале својот дом.

По сè изгледа дека Војводата и Војвотката на Сасекс не планираат да ги следат советите на Вилијам и Кејт, кои имаат веќе три деца и се потпираат на жена која се грижи за нив секојдневно.

Според списанието Vanity Fair, Меган е категорична дека таа ќе ја користи помошта на нејзината мајка, а не на медицинска сестра или дадилка, по нејзиното породување. Таа сака да помине колку што е можно повеќе време со детето, особено на почетокот.

Најверојатно Дорија Радлан ќе биде сместена во посебно крило во Фрогморската куќа.

Освен тоа британските медиуми објавија дека Хари и неговата сопруга купиле едни од најсовремените технологии за детската соба, кои можат да се управуваат со smartphone. Младото семејство оспсобило и просторија за јога, што е по идеја на Меган и мајка и.

Маркел мора да се породи во март. Полот на бебето сè уште не е јасен.