(ГАЛЕРИЈА) Слаткарка создава уметнички дела од своите торти

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Каков е тој роденден без торта? Во моментов, на пазарот постои толку многу разновидност што понекогаш ни е тешко да одбереме што да земеме за нашиот празник. Некои имаат посебни преференци и бараат слатко искушение да биде направено специјално за нив. Се разбира, секој каприц вреди пари.

Една млада Русинка која прави понеобични колачи стана  позната во Инстаграм. Елена Грут, 31, е најпознатиот слаткар во градот Калининград. Благодарение на нејзината богата фантазија, слатките што произлегуваат од нејзините раце се вистински уметнички дела.

Многу колачи на девојката се како да се насликани со вода, други изгледаат како керамички сувенири. Наместо користење на обична крема или чоколада, слаткарката сака да експериментира, создавајќи различни глазури.

Елена, која има повеќе од 140.000 следбеници во социјалната мрежа, работи на кондиторски курсеви додека патува низ различни градови. Во слободното време таа сака да патува и снима во убавите места што ги посетува.

Повеќе од единствените руски колачи погледнете во нашата галерија.