Панцероти со сирење без квасец: Брзи залчиња за вкусен појадок!

од desk2
236 прегледи

Пробајте ги овие панцероти и нема да се покаете!

Потребни состојки:
40 грама семки од сончоглед
140 грама солено сирење
1 лажичка куркума
2 лажички ким
2 јајца
1 лажичка прашок за печиво
200 грама јогурт
200 грама брашно

Приготвување:
Издробете го сирењето, па додајте ги сите зачини, семките, јајцата и јогуртот и добро измешајте. Доколку сирењето не ви е доволно солено, додајте сол.

Додајте брашно и замесете тесто.

Загрејте масло и со лажица ставајте ги топчињата од тесто во тавчето. Почекајте да заруменат, па извадете ги од тавчето.

Вадете ги на чинија со салвета. Уживајте!