Џастин Бибер дебитира во модата со сопствена линија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Џастин Бибер очигледн не се воздржува само на музичката сцена и одлучи да направи деби во модните кругови. Хит пејачот ја издаде својата прва модна линија Дру, која беше именувана по неговото второ име.

Во колекцијата се вклучени спортски унисекс маици, блузи со долги ракави, суитшрти и панталони, а цените на артиклите се движат помеѓу 48 и 148 долари.

“Модната куќа е место каде што можете да бидете сами. Бла-бла-бла … Носете облека како дс не ви е гајле. Дојдете слободно. К. Чао “, напиша на официјалната страница на Дру.

Во меѓувреме пред неколку дена стана јасно дека Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин ќе го одложат црковниот брак. До ова дошло откако дел од најблиските гости им објасниле дека не можат да присуствуваат на првично избраниот од младоженците датум – 1 март, кога е и роденденот на добитникот на “Греми”, потсетува “Монитор”.

Новиот датум за големиот настан сè уште не е јавно објавен.