32-годишниот изведувач го посетил барот за време на викендот. Неговиот великодушен гест бил снимен од сведок на настанот кој ја раширил фотографијата на социјалните мрежи.

Сликата покажува како Дрејк, опкружен од двајца телохранители, им ги нуди парите на изненадените вработени.

Доброто дело потсетува на видеото кон минатогодишниот хит “God’s Plan” на Дрејк во кој раперот раздава илјади долари во кеш на луѓе во Флорида, плаќа за туѓите купувања и прави великодушни донации за институции во Мајами како локалната противпожарна служба и музичкиот колеџ “Фрост” на Универзитетот во Мајами.