Селин Дион им врати на сите: Јас си се допаѓам

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Ако си се допаѓам, не гледам потреба да се правдам. Не се трудете да ме испрашувате. Ако не ви се допаѓам, не доаѓајте кај мене, не ме сликајте. Ако спротивното е вистина – јас сум отворена за разговор. ” Ова беше кажано од страна на Селин Дион за коментарите дека таа изгубила премногу килограми  и можеби имала анорексија.

Покрај скандалот со нејзината нова фигура, пејачката ги изненади нејзините фанови и со други вести дека има нова врска. Таа беше видена неколку пати на настани со многу помлад човек.

“Мојот сопруг беше најневеројатниот маж роден некогаш на оваа земја. Тој е единствениот кого сум го бакнала некогаш и ми го откри талентот кога бев едвај на 12 години. Сега има друг маж во мојот живот, но тој не е мажот на мојот живот, нели? “, коментира пејачката, која во 2016 година го загуби сопругот Рене Анжелил.

Дион истакна дека ја коментира темата за прв пат и повеќе не сака да се објаснува на медиумите за 34-годишното момче, кое е всушност танчер.

“Ние сме поврзани како пријатели, стана природно и речиси веднаш. Односите се развија, но ајде да не ја мешаме љубовта со пријателството. Тој е мој најдобар пријател. Излегуваме многу, се прегрнуваме и држиме за раце, а луѓето го гледаат ова. Но, тој само ми дава рака да се потпрам … “, додава таа.