Намаз од моркови

од desk2
326 прегледи

 

Многу вкусен ароматичен намаз кој може да го намачкате на парче леб или пак да го користите како додаток на некое сочно парче месо …


Потребно е:
5 моркови
3 чешниња лук
3 лажици маслиново масло
100 г фета сирење
1 лажица мелен ким
4-5 листови свежо нане
2 лажици мед
сок од 1/2 лимон
сол, бибер

Подготовка:
– Морковите излупете ги и сварете ги во солена вода.
– На маслиново масло кратко испржете ги сецканото лукче и мелениот ким колку да замирисаат. Тргнете ги на страна и оставете да се излади.
– Варените моркови исцедете ги и оставете ги да се изладат.
– Во блендер ставете ги изладените моркови, додадете го испрженото лукче со ким, потоа издробеното фета сирење, сок од лимон, листовите нане и медот. На крај посолете и додадете бибер, по вкус.
– Убаво изблендирајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса.
– Пред да го послужите ставете го во фрижидер да се излади убаво.