Откако откри дека не знае да плива, луѓето не му даваат мир

од desk2
82 прегледи

 

Пејачот Џон Леџенд на својот Twitter профил објави дека дури сега, на четириесет години, учи да плива!

„Не знам да пливам. Денес го имав првиот час за пливање од периодот кога имав пет години“. Татко ми научи да плива во шеесеттите години, така да јас сум сè уште во водство“, напиша Џон. Ова изненади милиони луѓе кои го следат на социјалните мрежи, а следеа и неименувани коментари за пејачот поради неговата хит песна „All Of Me“, каде што вели : „My head’s under water, but I’m breathing fine“.

„Што се случи тогаш кога главата ти беше под вода? Дали убаво дишеше? Дали сè беше лага?” Напиша духовитиот фан и лично доби одговор од пејачот!

„Сè беше лага, Хахаха“, напиша Леџенд.

Додека на мнозинството им беше смешно, некои го советуваа пејачот дека е важно да научи да плива заради евентуална потреба да скокне во базенот за да ги спаси своите деца – нешто што не би можел да го направи сега.

Но, Џон не е осамен случај меѓу познатите луѓе кои доцна научиле да пливаат. Актерката Ева Мендез е една од нив, потоа Вил Смит, кој научи пред само три години и пејачот Зејн Млик, кој се плаши од голема водена површина и поради тоа не можел долго време да влезе во базенот- а, глумеше чувар на плажа!