Солена торта готова за 30 минути

од desk2
298 прегледи

Лесен оброк во кој ќе уживате…


СОСТОЈКИ:
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја пченично брашно
1 кесичка прашок за печиво
3 јајца
1/2 шолја масло
1/2 шолја блитва
200 гр сирење или кајмак
сол по вкус
рендан кашкавал за украсување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за печиво, јајца и масло. Сварете блитва, исцедете и исечкајте и додајте ја во тестото заедно со изгмечено сирење.
Намастете плех, ставете го тестото и испечете во загреана рерна околу половина час. Уште врелата торта посипете ја со рендан кашкавал.