Рецепт на денот: Потаж од моркови и ѓумбир

од desk2
1,4K прегледи

Топла кремава чорба!


Потажите се одлично предјадење, токму поради својата густа структура и голема количина на витамини

Пробајте го овој вкусен потаж од морков и ѓумбир, богат со витамин А и бета-каротен.

Потребни состојки:
450 грама излупени и исечкани моркови
2 лажици растително масло
1 главица ситно сечкан кромид
помало парче ѓумбир, излупено и исечкано
1 компир
1 коцка за пилешка супа, растопена во половина литар вода
Приготвување:

Загрејте масло во големо тавче. Пропржете ситно сечкан кромид додека не омекне. Додајте ситно сечкан компир и ѓумбир и динстајте неколку минути.

За тоа време, стопете ја коцката за пилешка супа во половина литар вода. Потоа, во водата додајте ситно сечкани моркови и загревајте 20-тина минути, додека не омекнат морковите.

Потоа, ставете го сиот зеленчук во блендер и мешајте додека не добиете густа смеса. Вратете го потажот на тивок оган, зачинете со сол и бибер по желба, па промешајте го потажот за да се соединат сите состојки.

Послужете го топол, украсен со свеж коријандер.