Пристигнуваат поплави?

од desk2
285 прегледи

Топењето на снегот и неочекувано високите температури на почеткот на февруари, носат нови проблеми во СЛовенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, па така насекаде се очекува излевање на реките и поплави.

Сава, во делот кој тече низ Загреб за 24 часа нараснала за 5 метри и веќе се излеала од коритото. Заради силните дождови и топењето на снегот доаѓа до нагло зголемување на водостојот на реките низ цела Словенија, а стручњаците поради словенечкиот бран очекуваат проблеми и во подолните текови на реките.

Медиумите во Босна состојбата со реките ја опишуваат како хаотична. Во централниот дел на БиХ дојде до прекин на сообраќајот на два пата поради поплава, а водата однесе дел од пат кај Зеница и два помали селски моста.

Поплави ја погодија и Истра каде имаше невреме со грмотевици и силен ветар, а пожарникарите испумпувале вода од подруми.