За денешниот ручек ви предлагаме да ги приготвите овие вкусни ќофтиња во кајмак

Подготовката е брза и лесна, а вкусот неверојатен. Рецептот за овие ќофтиња е од турско потекло и сигурно ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
500 грама мелено јунешко месо
100 грама ориз
1 јајце
1 главица кромид
5-6 чешниња лук
половина врзоп магдонос
2 лажици брашно
сол бибер
За сосот
250 грама кајмак, сирење или 400 грама павлака
2 главици кромид
1 лажица брашно
сол
бибер
2-3 шолји вода
Приготвување:
Во чинија ставете месо, јајце, ситно сечкан кромид, ориз, брашно, зачини и магдонос, па сето тоа измешајте го и соединете го.
Формирајте ќофтиња со мокри раце. Ставете вода во тенџере и оставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие, ставете ги ќофтињата да се варат. За тоа време пригответе го сосот. Исечкајте кромид, па продинстајте го на малку масло за да омекне.
Кога кромидот ќе омекне, додајте брашно и постојано мешајте за да нема грутки. Прелијте го со 2-3 шолји вода, па оставете го сето тоа заедно да се загрева.
Кога сето тоа ќе зоврие, додајте кајмак или павлака и сечкан лук, па мешајте за да се растопи и потоа додајте ги и ќофтињата.
Би требало ќофтињата да бидат готови додека го направите сосот.
Оставете го сето тоа заедно да се крчка уште 5 минути, додајте зачини на крајот, па послужете ги.
Можете и кратко да ги потпечете во рерна на 180 степени.