
Во објектот, опкружен со земјоделско земјиште, кој се наоѓа под земја во провинцијата Онтарио, компанијата Green Relief оперира иновативна фарма, која го користи изметот на слатководните риби за ѓубрење на насадите со марихуана, кои во замена ја прочистуваат водата, во која пливаат рибите.
Компанијата наведува дека е единствената во светот која лиценцирано одгледува медицинска марихуана на овој начин – процес, кој исклучува употреба на пестициди, кој одзел две и пол години, за да биде поставен така за да работи ефикасно, пишува Ројтерс.
Единствениот видлив дел од активностите, е вентилациски систем кој злегува од под земја.
„Ова е земјоделство на иднината“, вели Ворен Браво, кој ја основал компанијата заедно со неговиот пријател Стив ЛеБлан во 2013 година.
„Ако не се снабдите со одржлива земјоделска технологија сега, ќе бидете диносаурус“, вели тој.
Системот на Green Relief, кој, одгледува 6 илјади риби од видот тилапија и 4.500 растенија марихуана, користи 90% помалку вода спрема конвенционалното земјоделство, додека во исто време произведува 10-20% подобра продукција наспроти традиционалниот метод, вели Браво.
На секои 5 недели, Green Relief чисти еден од 16-те танкери со риба, дарувајќи 300 парчиња тилапија на Second Harvest – добротворна организација која ја обезбедува рибата до кујни, каде се сместени бездомниците.
Компанијата ја проширува својата активност вредна 45 милиони долари во база до градот Хамилтон, кој е на час од Торонто. Проширувањето ќе го зголеми производството за 15.000 до 20.000 килограми годишно.
Проектот, исто така, вклучува производство и операции за пакување.
Инвестицијата вклучува и неодамна стекнат затворен комплекс за фудбал со површина 9 илјади квадратни метри во Хамилтон, каде што ќе се произведуваат околу 15 илјади килограми марихуана по реконструкција на објектот за сума од 9 милиони канадски долари.
Со партнери, Green Relief гради исто така и капацитети во Тандер беј, Онтарио и Халифакс, Нова Шкотска, каде што ќе се произведуваат уште 20 илјади килограми годишно, вели Браво.
Поддржана до овој момент со приватни инвестиции во износ од 18 милиони канадски долари, Green Relief се подготвува за Првична Јавна Понуда (ИПО) на канадската берза и можеби на Nasdaq со цел изнаоѓање на дополнителни средства.
ИПО-то ќе биде реализирано „до месеци“, во зависност од пазарните околности и ќе се надгради врз сегашното финансирање, кое проценува 100 милиони акции по цена од 3,50 канадски долари секоја, посочува Браво.
Green Relief очекува да оствари профит оваа година, додава тој.
Браво е извршен директор, додека во јануари не ја предава позицијата на Џон Дафи, кој има искуство во инвестирањето на пазарите на капитал.
Како мнозински акционер и директор на развој на бизнисот, Браво е ангажиран да обезбеди имот во Италија и Австралија, додека напредува со заедничките вложувања со швајцарските Ai Fame и Ai Lab.
„Канада сега е во добра позиција“, рече тој, мислејќи на легализацијата на марихуаната за рекреација во земјата, која стапи во сила минатиот октомври.
„Ние ќе станеме лидери во сосема нова индустрија“, додаде Браво.