Дру Барумор се забавува во геј бар

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Дру Баримор има прилично интересно друштво на пријатели. Ѕвездата беше забележана како пие во геј бар опкружена со хомосексуалци.

Актерката од “50 први состаноци” видливо доста се забавувала во клубoт “The Stand-In” познат како сврталиште на ЛГБТ заедницата.

“Таа била блечена лежерно и никој не ја беше забележал додека пијанистот не ѝ го познал гласот. Во текот на целата вечер Дру се смеела и се забавувала како сосема обичен човек во друштво на своите пријатели “, коментира очевидец пред PageSix.

Баримор неодамна почна да се појавува на малиот екран. Актерката е судија во новото шоу за таленти “The World’s Best”.