Беше откажана премиерата на новиот филм на Лиам Нисон, поради расистичкиот скандал во кој актерот е вмешан, пишува Scansy.
Само 2 часа пред објавувањето на филмот Cold Pursuit во Њујорк, церемонијата беше откажана.
Причината е лавината критики против Нисон поради интервју во кое рече дека ги обиколувал улиците вооружен со палка за да се одмазди на кој било црн маж, откако негова позната била силувана.
Некои дури и повикаа да му се одземе витешкиот орден како Северно Ирец.