Зетови, сестри, внуци на функционери во државни фирми Од јуни 2017 година досега, во М-НАВ се вработени над 30 лица. За дел од нив веќе исплива чии се. А, тоа само ја потврдува констатацијата дека многу им е тешко на политичарите да останат доследни на ветувањата од опозиција дека ќе се борат против непотизмот откако ќе станат функционери, пишува Независен.

Вработувањето во М-НАВ, акционерско друштво во државна сопственост, кое се грижи за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај, е престиж. Не толку од стручен колку од финансиски аспект. Оти, како компанија што не се финансира од македонскиот буџет туку од таксата за прелети, исплатува неколкукратно повисоки плати од македонскиот просек. Колкави се точно, од М-НАВ не одговараат. И тоа е константа не само за оваа постава на друштвото туку за сите. Објаснувањето е дека се плашат за личната и семејната безбедност кога јавно ќе се знае дека земаат висока плата.
Ама стравот очигледно не беше пречка зетот за сестра на актуелната министерка за правда Рената Десковска да биде избран за претседател на УО на М-НАВ. Од контролор, Николче Тасески стана прв човек во М-НАВ. Тој ги потпишува решенијата за прием на нови работници. А, вработените велат дека многу е тешко да се дознае кој сè е вработен во компанијата, зашто имиња на примени на огласите не се објавуваат јавно.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ