Intel ќе ги направи натпреварите на три клуба од Англија уште повозбудливи (ВИДЕО)

од Vlatko K
87 прегледи

Американскиот технолошки гигант Intel најави дека влегол во партнерство со англиските
фудбалски клубови Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, а целта е заедно да обезбеди нов начин
на кој се гледа најпопуларниот спорт во светот.


Во соопштението од компанијата се вели дека технолигиите на компанијата ќе бидат употребени на
терените на клубовите, за да „обезбедат неверојатно искуство“ преку системот „Intel True View“.

Еден од клубовите кој учествува во партнерството – Ливерпул, објави дека напредните
компјутерски технологии, заедно со „десетиците 5K камери со ултра висока резолуција“,
распоредени на стадионот „Енфилд“, ќе им овозможат на луѓето, кои ги следат натпреварите од
дома, да уживаат во видео од секој агол.

Навивачите дури ќе можат да гледаат клучни моменти од натпреварите преку очите на играчите,
додаваат од клубот.

Технологијата се базира на волуметрично снимање навидео, според Intel, и се користи за снимање
на три-димензионални простори. Со овој метод натпреварот се снима со 38 5K камери со
ултрависока резолуција.

Ова вклучува висина, ширина и длабочина на податоци кои се користат за создавање на воксели
(пиксели во 3D просторот).

Откако содржината е снимена, податоците се обработуваат, откако се користи софтвер за
реконструкцијата на гледната точка на „целосно волуметричен 3D човек или предмет“.
Според главниот трговски директор на Ливерпул, Били Хоган, новата технологија им овозможува
на навивачите „да се внесат уште повеќе во играта“.