Во пресрет на Денот на вљубените, 14 февруари, ѕвездите на шоу-бизнисот влегоа во уште поромантично расположение. Доказ за тоа се паровите кои вчера поминаа по црвениот тепих на наградите “Греми” 2019-та.
Најголем впечаток остави риалити ѕвездата Кајли Џенер која гледаше со поклонување кон својот омилен и татко на својата едногодишна ќерка Сторми – раперот Тревис Скот.
Тој пак нежно ја милуваше на црвениот тепих, но сепак без да го крие авангардниот нејзин розов комбинезон, поради кој најмалата сестра од кланот Џенер-Кардашијан понесе многу коментари од модните критичари.
Според гласините, Кајли и Травис неодамна се вериле, но ја чуваат веста тајна, исто како што успеаја да ја зачуваат тајна и нејзината бременост девет месеци.
Проверете во нашата галерија кои беа другите познати двојки на црвениот тепих на наградите Греми 2019!