Наследниците на Мајкл Џексон не го одобруваат најновиот документарец за него. Ова е јасно од нивното писмо испратено до американските телевизии Ченел 4 и ХБО, копродуценти на видеото. Тие инсистираат на тоа да не е прикажан на големиот екран, бидејќи ги крши нивните програмски права.
“Сметаме дека сите можеме да се согласиме дека лажните обвинувања во филмот се значајни … Човек тешко може да замисли позначајни обвиненија против некого”, се вели во писмото.
Во “Оставајќи ја Недојдија”, двајца мажи раскажуваат тоа како како деца тие биле сексуално нападнати од Мајкл Џексон.
Роднините на Џексон ги ангажирале адвокатите за случајот. Според нив, во филмот има само мажи, но не и наследниците на кралот.
Документарниот филм ќе биде прикажан на почетокот на март во Велика Британија и САД.