Еден месец откако Селена Гомез се врати во социјалните мрежи, веќе почна да објавува фотографии. Вчера пејачката сподели неколку кадри на импровизирана моминска забава на плажата.
“Мојата најдобра пријателка ќе се венча, па славиме. Идната г-ѓа Лопез “, Селена напиша и објави фотографии од забавата со девојките.
26-годишата пејачка облече бел костим за капење. Иако е без шминка, таа ги има еден од нејзините омилени додатоци – големи златни прстени.
Неодамна младата изведувачка сними дует со Јулија Михаелс. Песната е посветена на еден од проблемите со кои се соочуваат многу луѓе – депресија и анксиозност.
Минатото лето, Гомез беше во клиника за да ги излечи своите психички проблеми диктирани од нејзината автоимуна болест. По нејзиното заминување, нејзините пријатели беа оние кои ѝ подадоа рака за да се опорави побрзо.
