Крис Прат се одлучи за исхрана инспирирана од библијата

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Крис Прат има специјална диета инспирирана од Библијата. Ова го откри самиот тој во интервју за КБС.

“Во текот на 21 ден не консумирам месо, шеќер и алкохол”, рече тој и се пошегува дека во принцип пие многу и режимот бил голем предизвик за него.

39-годишниот актер изјави дека одлучил да го исчисти телото благодарение на неговиот пастор. Тој истакна дека само што ја заврши диетата и се чувствува одлично.

“Тоа беше навистина неверојатно”, рече тој.

Прат истакна дека е голем човек и не може да изгуби толку многу за само 21 ден, но дефинитивно ќе го исчисти своето тело и душа.

Во средината на јануари, Крис Прат се вери со Кетрин Шварценегер. Тие сѐ уште не поставиле датум за свадба.