Пријанка Чопра призна дека е подготвена за деца

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Тие се верија само неколку месеци откако почнаа да излегуваат заедно. Потоа дојде нивната бајковидна свадба, која се одржа според индиската традиција. По таквите добри моменти за Пријанка Чопра и Ник Џонас, следната фаза од нивниот заеднички живот – децата – доаѓа.

Во интервју за нејзиниот последен филм, актерката коментираше дека е подготвена за деца.

“Двајцата знаеме дека ова е нормална работа што треба да ни се случи, но јас не мислам многу за тоа”, рече таа.

Пријанка призна дека Ник сѐ уште е обеземена од емоциите по свадбата и се уште е на меден месец.

Според зборовите на ѕвездата, многу би сакала да има деца од американскиот пејач и се надева дека ќе зачне и ќе роди природно.

Пријанка Чопра има 36 години, и познато е дека шансите за забременување се намалуваат по 30-тите. Од друга страна, според индиските традиции, жените треба да зачнуваат веднаш по свадбата.

Двојката се венча на 1 декември во Индија, со прослави кои траат неколку дена.