Смути од јапонско јаболко

од desk2
2,1K прегледи

Јапонското јаболко е како измислено за напиток како смути. Еве еден рецепт.


Состојки:

1 големо јапонско јаболко
1 банана
2 киви
вода по потреба
Ставете сè во блендер, а потоа додавајте малку по малку вода додека не ја добиете саканата густина. Додајте цимет ако сакате, или неколку лешници за уште поубава арома.

Пријатно!