Ким Кардашијан и нејзината сестра Кајли Џенер, изведувачите Кејти Пери, Ариана Гранде и Џастин Бибер се дел од познатите личности, кои загубија милиони следбеници во Instagram.
Од социјалната мрежа откриле неправилности што драстично ги намалија нивните обожаватели следбеници, објави “Дејли мејл”.
Во средата, се појави порака дека Instagram работи на идентификување на причините за неправилностите.
Многу често бројот на следбеници на ѕвездите е причина тие да добиваат различни обврски, меѓу кои да рекламираат разни производи на профилите за плата.
Според информациите до моментов, следбениците на Џастин Бибер и Ким Кардашијан се намалиле за 1,9 и 1,7 милиони, додека оние на Селена Гомез и Кајли Џенер се стопени за 2 милиони.
Многу луѓе мислат дека Селена Гомез може сама да ги поттикнала некои нејзини фанови да престанат да ја следат, бидејќи не користеше Instagram неколку месеци додека се лекуваше, но за нејзините колеги нема вистинска причина за драстичниот пад.
Се смета дека многу од следбениците на познати личности, но и обични луѓе биле со т.н. паразитски сметки, кои едноставно беа отстранети. Така на пример во минатото лето Twitter направи слична чистка при која доста влијателни личности загубија дел од следбениците кои ги имаа.
Досега, Instagram нема точни информации за тоа колку корисници се засегнати.