Започна карневалот во Ница

од Vlatko K
284 прегледи

  

Голем број маски со ликот  на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, обвинетиот во сексуални напади американски продуцент Харви Вајнштајн и Чарли Чаплин,  зарадуваа илјадниците славеници, дојдени на традиционалниот карневал во Ница, соопштува Ројтерс.

Настанот, организиран од францускиот град во 1873 година, ќе трае до 2 март. Оваа година Карневалот се одржува под мотото “кралот на киното” – во чест на 100-годишнината на Студио “квиз”, кој  е главен производител на филмови во јужна Франција.

Десетици уметници и скулптори работеа неуморно неколку недели за да ги изградат огромните платформи на кои беа подигнати фигури на познати личности од целиот свет. На улиците на градот преовладуваа хуморот и сатирата, исполнети со радост, песни и танци.

Популарноста на фестивалот во Ница расте секоја година. Пред еден век настанот беше  интересен само  за  луѓе од   Франција, а сега фестивалот привлекува туристи од целиот свет.