Јапонскиот премиер Шинзо Абе го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако владата на САД го побара тоа од него, објави јапонскиот весник „Ашаи шумбун“.

Извештајот на весникот следи откако Трамп во петокот објави дека Абе го номинирал за Нобелова награда за мир пради покренување преговори за смирување на напнатоста со Северна Кореа.
Трамп тогаш, на конференција за печат во белата куќа, рече дека јапонскиот премиер му ја предал „најубавата копија“ од номинацијата, напишана на пет страници, потсетува Ројтерс.
„Ашаи шимбун“, меѓутоа, наведува, повикувајќи се на неименуван извор од јапонската влада, дека американската влада се распрашувала за мислењето на јапонскиот премиер за можноста тој да го номинира Трамп за Нобеловата награда, по јунскиот самит САД-Северна Кореа.
портпаролот на министерството за надворешни работи во Токио изјави дека министерството е запознато со изјавата на трамп, но дека „се воздржува од коментар“.
Ројтерс наведува дека во Белата куќа не можеле веднаш да одговорат на барањето за коментар.
На страната на Нобеловата фондација се наведува дека номинацијата за Нобелова нграда може да поднесе кој и да е кој ги исполнува критериумите за номинација, што ги вклучува и сегашните шефови на држави.
Според правилата на фондацијата, имињата и други информации за неуспешни номинации не смеат да се откријат 50 години.