Софија Вергара се пофали со нејзиниот најнов братучед

од Vlatko K
154 прегледи

Софија Вергара се пофали со најновиот член на семејството, пренесе   “Дејли мејл”. 

46-годишната актерка има фотографија на “Инсортм”, која ја претставува со нејзиниот сопруг Џо Манганело и нејзиното роднинче  новороденче. Ѕвездата од хит серијата “Модерно семејство”, напиша под фотографијата: “На посета кај најновото Вергара” и додаде  дека името на бебето  е Хернандо Валентино Вергара и хаштаг – братучед.

Вергара и нејзиниот сопруг се сликале  со новороденчето само неколку дена откако поминале исклучително романтичен ден на вљубените. Кариерата на актерката е во пораст, бидејќи “АБЦ” објави дека ќе има 11-та сезона на хит-серијата “Модерно семејство”.  

Седмата година по ред, Вергара   објавува за магазинот “Форбс” како најплатена актерка, чија заработка надминува 42,5 милиони долари.  

Лос Анџелес / САД