Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро на протест против „Оскарите“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро го поддржаа протестот на Холивуд пред неколку дена против плановите на организаторите на наградите “Оскар” за тоа наградите за операторско мајсторство, монтажа и други категории да бидат доделени за време на рекламите на церемонијата оваа недела.

Сандра Булок, Ема Стоун и Џон Хам исто така го поддржаа отвореното писмо на Мартин Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон кои повикаа на промена на одлуката што ги “навредува професионалците во овие категории”.

Академијата за филмски уметности и науки објави на почетокот на минатата недела одлука да ги предаде наградите во неколку категории за време на емитувањето на рекламите на 24 февруари. Според плановите, скратеното снимање на говорите на победниците во овие категории ќе биде емитувано подоцна за време на директниот пренос.