
Амбасадорот Жбогар на средба со младите од Тетово во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”


Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Жбогар ќе разговара со младите во Тетово и ќе го слушне нивниот глас во однос на Европската Унија.Предвидено е Жбогар да оствари средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
На кампањата ќе се придружи и локалната НВО Младински образовен форум (МОФ), која води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”.
Инаку, како дел од кампањата, Бертолини ќе продолжи со одржување на работилниците за начините за подобро искористување на помошта од ЕУ.Работилницата во Тетово, денеска ќе се одржи во средното општинско училиште „7 Март”.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.