(Видео) Барселона ја победи Севиља благодарение на хет-трикот на Меси

од desk2
121 прегледи

Бранителот на трофејот во шпанската Примера, тимот на Барселона, вечерва ја победи Севиља во натпревар од 25. коло со 4:2.

Јунак на натпреварот е капитенот на каталонскиот тим Лионел Меси кој постигна три гола. Последниот погодок за Барса е дело на Луис Суарез на асистенција на Меси.

Домаќините не успеаја да останат непоразени и покрај двете водства преку Јесус Навас и Габриел Меркадо.

По овој триумф Барселона е убедливо прва на табелата со 57 бода, десет повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и 12 од Реал Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=rsH1KMhwdew