Американскиот режисер Вуди Ален летово во Шпанија ќе го снима неговиот нов филм, соопшти шпанската мултимедиска продукциска куќа Mediapro.

83-годишниот режисер би требало да снима во Сан Себастијан, северна Шпанија.
„Mediapro ќе биде продуцент на новиот филм на Вуди Ален. Проектот е во почетна фаза и поради тоа не можеме да соопштиме повеќе детали“, стои во соопштението од шпанската продукциска куќа.
Локалните медиуми пренесуваат дека неодамна екипата на Ален поминала време на терен за да ги дефинира локациите за снимањето што би требало да почне во јули.
Mediapro досега има финансирано два филма на Ален, „Vicky Cristina Barcelona“(2008) и „Midnight In Paris“ (2011).